Oдиграни првите натпревари од турнирот „Ohrid freed” 2026 кој се одржува во рамки на одбележувањето на 7 Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид во организација на ЈП „Билјанини Извори“. Турнирот ги обединува учесниците во духот на спортот, фер-плејот и меѓусебното дружење.

На турнирот учествуваат шест екипи, поделени во две групи со по три екипи. Во квалификациската фаза се игра според системот „секој со секого“, при што ќе бидат одиграни вкупно шест натпревари.

Квалификациските натпревари започнаа вчера, а продолжуваат денес и утре со почеток во 20:00 и 21:00 часот.

Резултати од првите одиграните натпревари:

  • АСП ПАК – Фит Бокс 10:1
  • Инекс Олгица Хотел и СПА – Гостилница Кај Мече 1:2

Натпреварите продолжуваат денес од 20 часот:

  • АСП ПАК – Екстра Скопско Охрид
  • Инекс Олгица Хотел и СПА – Tino’s Pub and Bar

Полуфиналните натпревари се закажани за 5 ноември 2026 година, со почеток во 20:00 и 21:00 часот. Во полуфиналето ќе се пласираат првопласираните и второпласираните екипи од двете групи, кои ќе се соочат според вкрстениот систем.

Завршницата на турнирот е предвидена за 7 ноември 2026 година, кога ќе се одиграат натпреварот за третото место, со почеток во 20:00 часот, и големото финале, со почеток во 21:00 часот. Реализацијата на натпреварите во финалниот ден ќе зависи од достапноста на спортската сала.

OhridNews