Викендов беа одиграни натпреварите од третото коло од фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“ што се одржува во Спортскиот центар „Климент Колески“ во организација на „Sport Brother Ohrid“.
Третото коло донесе вистинска голеада, пресврти и одлична фудбалска атмосфера. Во саботата во првиот натпревар екипата на Жито Леб ја совлада екипата на ЛТХ Леарница со резултат 1:6. Во вториот натпревар силите ги одмерија екипите на АСП ПАК и Магна, каде екипата на Магна убедливо победи со 10:0. Неделата беше резервирана за уште два натпревари, во кои екипата на Макпетрол ја совлада екипата на Костал со три гола разлика (6:3), додека ТАВ Аеродром изгуби од Инекс Олгица со два гола разлика (2:4).



OhridNews











