Позитивен чекор кон победата над стресот е правилната исхрана. Со адекватни намирници ќе имате сила за новиот ден и стресните ситуации. Пијалоците, исто така можат лошо да влијаат на организмот, а додатен притисок создаваат кофеинот и алкохолот, па одлучете се за чај и вода, или природни сокови. Никогаш не го прескокнувајте доручекот! Интегрални бисквити, малку овошје и јогурт, се идеален доручек. Хранливите состојки ќе ви дадат енергија за решавање на стресните ситуации.

Откако ќе се вратите изморени од стресниот работен ден, се што ви паѓа на памет е брзата и заситната храна. Променете ја оваа навика и наместо хамбургер изберете лосос на маслиново масло, направете вкусен прилог од зеленчук и компири. Сигурно е дека на крај ќе се чувствувате многу подобро. Храната е потребна за одржување на нивото на енергија во текот на денот, затоа никако не останувајте гладни додека се вратите дома.