ГФК Охрид Лихнидос ја забележа втората победа во исто толку натпревари во новата сезона од Втората македонска фудбалска лига.
Попладнево, на стадионот „Билјанини Извори“, охридските сино-бели убедливо го совладаа Кожуф од Гевгелија со 5:1.
Гостите први дојдоа во водство, но потоа сè беше во знакот на Охрид. Домаќините направија целосен пресврт и со пет погодоци до врв ја наполнија мрежата на Кожуф за убедлив триумф пред домашната публика.
Антонио Каланоски постигна четири гола, а еден беше дело на Марко Николоски.
Ова е втора победа за Охрид во новото првенство. Во воведното коло сино-белите, исто така на домашен терен, го совладаа Новаци со 2:1.
Со максимален ефект по првите две кола, Охрид одлично ја отвори новата второлигашка сезона.
OhridNews











