Стариот дел на Охрид за прв пат беше домаќин на државна трка во велосипедизам. Покровител беше клубот “Екодром“ од Охрид. По одлично време трката се одвиваше  низ стариот дел на градот почнувајќи од Античкиот театар, Лабино, Канео за целната “рамнина“ да биде исто така кај  Античкиот театар.


Во мастерс класата прво место му припадна на Боро Банишки од клубот Енерџи, второпласиран беше Лазе Миноски од екипата Е.Б.Т.С додека третото место го зазеде Деан Тодоров од Енерџи.

Енерџи доминацијата ја продолжија и во класата Елита заземајќи ги првите три места. Првопласиран беше Горан Кузмановски, второто место резервирано беше за Влатко Костадиновски додека тројката ја комплетираше Љубиша Кондев.


Левент Рифат од клубот Е.Б.Т.С во фото финиш го совлада својот конкурент од Екодром, Јован Јовански. Третото место отиде исто во екипата на Екодром кај Андреј Хаџи Василев. На велосипедската трка имаше место и за најмалите учесници. Во класата јуниори доминираше екипата на Енерџи, триумфираше Јахи Ибиши, второто место му припадна на Милан Илиевски а на третото место заврши Драгољуб Ѓоргевиќ.


На велосипедската трка во Охрид имаше пријавени и за хоби натпреварите. Прв на целта помина Александар Колов, втор Николче Арсовски додека трет беше Владимир Несторовски сите од Енерџи.


Со оглед дека е почеток на сезоната позитивно сум многу изненаден од посетеноста на велосипедската трка, патеката е одлична,  штета што не можам да ја испробам  – изјави за “Ohrinews“ претседателот на федерацијата Димитровски.

Мх.П.
фото: Емилио