Хорот под раководство на професорот Александар Димоски се претстави со две композиции: „Месец Мај“ од Клемен Жанекен и „Боже чувај ја од зло“ од Јелена Трифуновиќ (аранжман Дарина Чакарова). Жири комисијата го награди настапот на хорот со максимумот 100 поени и му го додели првото место. Хорот со овој резултат се пласира на републичката смотра на училишни хорови која ќе се одржи во Кавадарци во текот на месец мај.
 
  Одличен резултат постигна и училишниот оркестар. Под раководство на професорот Љупчо Аслимоски, оркестарот имаше забележан настап кој беше оценет со 100 поени и го освои првото место, со што се пласира на Републичката смотра на училишни оркестри која ќе се одржи во Велес во текот на месец мај. Оркестарот изведе две композиции: обработка на орото „Ситна лиса“, и авторска композиција на нашиот ученик Арсо Ристески.
 
  На Регионалните смотри на училишни хорови и оркестри учество зедоа 20 ансамбли од Охрид, Кичево и Струга.
 
					



 
							







 
					