Светското првенство во алпско скијање кое денеска со супервелеслаломската трка во машка конкуренција требаше да започне во шведскиот ски центар Оре е одложено поради силниот ветар и лошата видливост на патеката.

Така скијачкиот мундијал ќе биде отворен утре со женскиот супервелеслалом додека денешната одложена трка ќе се вози во понеделник.Председателот на Светската скијачка организација Џанфранко Каспер изјави дека ова најверојатно нема да биде единствената трка која е одложена но се надева дека СП ќе мине во најдобар ред.

Ненад Цветанов