Временските неприлики и лошите услови на терените го одложија почетокот на пролетната полусезона во Третата македонска фудбалска лига југо-запад.

Место овој викенд 14-та рунда од југо-западниот регион ќе се одигра следниот, за кога синоптичарите предвидуваат потопли денови.

Првата полусезона прв низ целта ја мина Кораб. Охрид и Сатеска котираат на средината од табелата, а Воска која по повеќе години се врати во третолигашкото друштво се наоѓа на 13-та позиција.

Во првата рунда од продолжението Охрид и Воска на домашен терен ќе ги пречекаат Преспа односно Влазними , додека Сатеска гостува во Струга кај Караорман.

OhridNews