Традиционалниот турнир во мал фудбал „Велгошти 2020“ нема да се одржи поради кризата предизвикана од вирусот ковид -19.

Почитувани граѓани, спортисти, фудбалери, љубители на спортот.

Поради прогласената пандемија на коронавирусот (Ковид-19) од страна на Светската здравствена организација (СЗО) принудени сме да го откажеме организирањето и реализацијата на овогодинешниот турнир во мал фудбал
“Велгошти 2020”.

Се надеваме дека оваа наша одлука ќе наиде на разбирање кај пошироката јавност. Ви посакуваме да останете живи и здрави и во добро расположение.Спортски поздрав! – стои во соопштениет од организаторите на турнирот.

Минатата година на 16-то издание од турнирот триумфираше АСП Пак.

OhridNews