Поради врнежите од дожд, одложена изложбата на подводна фотографија од охридскиот Нуркачки клуб Анфора што е дел од годинешното одбележување на Денот на езерото. Организаторите на изложбата информираат дека настанот ќе се одржи штом се подобрат временските услови.

Централната годишна прослава на Денот на езерото е во Струга.

Денот на Охридското Езеро се одбележува од 21 јуни 2000-та со различни активности, најизменично секоја година во трите езерски градови – Охрид, Струга и Поградец. Целта е симболично да се покаже грижата за заштита на езерото од македонска и од албанска страна.