Согласно препораките на Владата и Министерството за здравство за ограничување на масовни јавни собири на отворен и во затворен простор (мерки за запирање на ширење на коронавирусот), се одлага хит преставата „Чекајќи го министерот” со Лидија Вукичевиќ, што требаше да се изведе утре, сабота, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.
Од Центарот за култура информираат дека купените карти за претставата ќе важат при одредувањето на новиот термин за прикажување на претставата, за што јавноста навремено ќе биде информирана.
OhridNews












