Баерн Минхен ремизираше 1-1 со Менхегладбах, додека Борусија Дортмунд го торпедираше Волфсбург со 5-1. Ремито на бавараците го искористија “милионерите“ кои ја одложија промоцијата на Баерн во старо-нов првак. На две кола до крајот Баерн има пет бода предност пред Борусија.

Резултати: Баерн М. – Борусија М. 1-1, Борусија Д. – Волфсбург 5-1, Дармштад – Ајнтрахт 1-2, Хановер – Шалке 1-3, Мајнц – Хамбургер 0-0, Хофенхајм – Инголштад 2-1.