-Наш став беше да се одложи расправата по оваа точка за да се разјаснат сите нејаснотии и разни шпекулации што се јавија овој период во јавноста, бидејќи сето тоа внесе забуна и кај советниците, изјави градоначалникот Александар Петрески.
Тој појани дека намерата на локалната самоуправа не била, ниту ќе биде дислокација на Факултетот од сегашната локација, туку да се даде можност за внесување нови содржини кои ќе бидат од полза на институцијата.
-Ние сакавме да му дадеме плус можност нешто на Факултетот, а не да му скратиме. Имавме за цел како што е Клиничкиот центар во Скопје кој е и болница и научно-образовна установа, исто тоа да биде и Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, рече Петрески, посочувајќи дека единствено сопственикот на објектот носи одлука за намената на истиот и дека тоа не го прави локалната самоуправа.
Петрески истакна дека сопственик на просторот на кој се наоѓа ФТУ Охрид е Министерството за образование и дека локалната самоуправа ќе ја почитува секоја одлука што ќе биде донесена од надлежната институција.
Согласно предложениот нацрт ДУП на локацијата на која се наоѓа ФТУ се предвидува изградба на универзитетско-туристички комплекс, за некогаш доколку сопственикот на земјиштето сака да направи одредена пренамена, тоа да може непречено да го реализира, но доколку некој не сака ние нема да дадеме таква можност, што сметам ќе биде на негова штета , додаде градоначалникот Петрески.