Седмата седница на Совет на Општина Охрид која требаше да се одржи утре одложена за во понеделник следната недела.

По барање на член на Советот на Oпштина Охрид кој е позитивен на вирусот COVID 19, како и поради неможност за одржување на седници со употреба на средства за електронска комуникација, 7-та седница на Советот на Oпштина Охрид закажана за ден 25.01.2022 година (вторник), се презакажува за ден 31.01.2022 година (понеделник) со почеток во 09,00 часот и истата ќе се одржи во големата сала на општина Охрид, информираат од Општина Охрид.

На дневен ред се ставени 46 точки.

OhridNews