
Вељаноски констатирањето на оставките го одложи на неопределено време и истакна дека за нејзиното продолжение ќе даде дополнително известување.
Според Вељаноски, Македонија мора да продолжи со силно темпо да ги реализира целите за натамошен развој на односите со ЕУ и НАТО, без оглед на политичките разлики, а за тоа, како што рече, потребна е сплотеност и заедно дејствување.
Во меѓувреме од Комисијата за мандати и именување, неофицијално информираа дека двете пратенички Солза Грчева и Љубица Буралиева до архивата на Собранието поднеле барање за повлекување на оставките.
OhridNews
извор Макфакс












