Советот на јавни обвинители ја одложи седницата на која требаше да го разгледуваат шестмесечниот Извештај за досега сработеното на Специјалното јавно обвинителство, заради отсуството на обвинителката Катица Јанева. Седницата повторно е закажана за во среда на 23 март, кога повторно ја повикаа Јанева да се појави. Катица Јанева не дојде на седницата, затоа, како што објаснија од СЈО, нема законска обврска да го направи тоа.

Инаку, покрај разгледувањето на извештајот на СЈО,  Советот  требаше да одлучи и по барањето на Специјалното јавно обвинителство да им се достават предметите „Маџар Телеком“ и „Надеж“. Овие случаи се предмет на спор помеѓу Зврлевски, кој е дел од Советот на јавни обвинители и Јанева. Јавното обвинителство на РМ одбива да ги даде на СЈО.

Специјалното јавно обвинителство во вторникот го презентираше шестмесечниот Извештај за својата работа, во кој се објавија 30  предмети против 80 осомничени со познат идентитет и 120 предмети за тешки кривични дела против државата изборите и финасирањето на медиумите.

OhridNews