Поради болест, стендап претставата “Влези не се соблакај” на Весна Петрушевска, што требаше да се одржи вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, се одлага, соопшти националната установа.

Со огромно извинување Ве известуваме дека поради здравствени причини на актерката, стендап претставата “Влези не се соблакај” ќе биде одложена, истата се презакажува за во петок 19 мај 2023 г. (картите ќе важат или истите може да се заменат). – стои во соопштението на  НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид.

OhridNews