Од локалната самоуправа информираат дека планираните градежни активности за асфалтирање на улицата „Радојца Новичиќ“, кои требаа да започнат денес, се одложуваат.

Во информацијата се наведува дека одлагањето е поради непогодните временски услови, како и по  барање на жителите на оваа улица поради подготовките за претстојниот верски празник Спасовден, кој масовно се слави во селото Лакочереј.

За новиот датум на активностите за асфалтирање на улицата јавноста дополнително ќе биде информирана.

OhridNews