Битолското дерби помеѓу Пелистер – Еурофарм Работник кое требаше да означи почеток на новата сезона во Супер лигата е одложено. Мечот место викендов ќе се одигра во вторник во истиот термин (18 часот и 30 минути).

Причина за одложувањето се техничките недостатоци на Спортската сала „Боро Чурлевски“ која претрпе одредени измени во текот на летниот период.

На мегдан во првата рунда од македонската ракометна елита ќе излезат Бутел – Прилеп, Борец – Струга, Пролет – Охрид и Вардар јуниор – Радовиш.

OhridNews