Викендов нема да се одигра ниту еден ракометен натпревар во Македонија, откако куќата на ракометот (РФМ) одлучи да го одложи цело коло, како последица од шокот кој го предизвика трагичната смрт на охридскиот голман Никола Даниловски.

Клубовите каде што настапуваше и сите во Македонија изразуваат сочуство за Никола Даниловски, кој прерано замина на само 24-годишна возраст.

Мечевите од 13-та рунда во плејофот и плејаут лигата ќе се одиграат во дополнителен термин, договорен помеѓу клубовите и РФМ.

OhridNews