Супер дербито меѓу лидерот на табелата Металург и второпласираниот Охрид нема да се одигра викендов како останатите мечеви од 12-та рунда во Супер лигата.


Мечот во Автокоманда е одложен поради обврските на „металурзите“ во најеминетното натпреварување во Европа, Лигата на Шампиони.

Победничката серија на Охрид во Супер лигата трае седум мечеви, а почна по поразот од Металург во „Билјанини Извори“ во третата рунда од шампионатот.

Дербито е презакажано за четврток на 10 декември со почеток во 18 часот.

Двојки : Металург – Охрид (чет. 10дек), Металург 2 – Прилеп, Борец – Тинекс Пролет, Пелистер – Вардар Јуниор, Радовиш – Работнички.

Табела : Металург 33, Охрид 27, Прилеп 21, Работнички 21, Вардар Ј. 18, Радовиш 15, Тинекс Пролет 12, Пелистер 9, Борец 7, Металург 2.

Мх.П.