Одложени рочиштата на кои требаше да се расправа за отпочнување на претстечајна постапка за 46-те ДООЕЛИ од АД ЕМО. Како причина се наведуваат нецелосно доставени финансиски резултати за компанијата до привремените стечајни упправници.

Новото рочиште за стечајната постапка е презакажано на 16- ти јануари.

Пред една година Владата предложи план за ревитализација на „ЕМО“ Охрид,кој предвидуваше рационализација на бројот на вработени во компанијата на околу 500 до 600, со цел таа биде конкурентна на пазарот и да се привлечат инвеститори. Планот предвидуваше дел од имотот на АД „ЕМО“ што не е во функција да биде продаден, а средствата од продажбата ќе се употребат како обртен капитал.

Пред неколку дена Владата стана сопственик на над 51,5 отсто од акциите на ЕМО АД – Охрид по пребивањето на долгот кон државата со издавање на акции во износ од 4,16 милиони евра.

OhridNews