Поради најава на неповолни временски услови (ветар, дожд) за утрешниот ден, од Центарот за јавно здравје информираат дека најавената теристичка (од земја) дезинсекција против комарци, се одложува за наредните денови.

Екипите на Центар за јавно здравје Охрид дезинсекцијата ќе ја спроведат во деновите:  27.06.2018 год.(среда), 28.06.2018 (четврток), и 29.06.2018 (петок) во период од 20 до 06 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени соодветни територии на општините Охрид, Дебрца, Вевчани, Дебар и Центар Жупа.

Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.

OhridNews