Бизарна случка или ситуација доаѓа од мечот помеѓу Реал Ваљадолид и Реал Мадрид во рамките од шпанската Ла лига. Во ВАР собата од каде се чекаше одлука за погодокот на домаќините немаше никој. Погодокот оправдано беше поништен, но сите прашуваа кој судија и како беше поништен погодокот на домаќините.
Челниците од лигата подоцна се огласија на социјалните мрежи и изјавија дека техничка грешка е во прашање односно грешка на режисерот кој го извршуваше преносот.
OhridNews