Македонскиот селекторот Ивица Обрван после двомечот со Црна Гора ќе одлучи кои 16-ет ракометари ќе ја бранат националната чест на Европското првенство во Полска.
Контролните натпревари со црногорците закажани се за 10 и 11 јануари, а ден потоа селекторот ќе го објави конечниот список.
– По вториот тест со Црна Гора ќе одлучам со кои ракометари ќе патувам во Полска. До тогаш сакам да ги имам сите на располагање затоа што се случуваат несакани работи во текот на подготовките. На мечевите со Словенија се соочивме со одредени проблеми откако Гоце Георгиевски имаше стомачен вирус, Кирил Лазаров ги истегна препоните, а Наумче Мојсовски имаше страотен пад на главата. – рече селекторот Обрван.
Хрватскиот стручњак на македонската клупа контролите со Словенија кои завршија без победник ги гледа како успешни и ништо повеќе.
– На дуелите со Словенија гледам само успешни контроли со силен противник, а не резултатот. Имавме ротации во двата меча што за нас не беше замисливо пред одреден период. Шанса им дадов на двата голмани Дупјчанец и Митрески, а исто така морам да го пофала Кузманоски кој одигра доста добро. – додаде селекторот.
„Црвено жолтите“ во Посла ќе отпатуваат на 13 јануари, а првиот меч го играат на 15 против бранителот на трофејот, Франција.
Ohridnews