Картите за пласман во финалето од англискиот Капитал куп остануваат отворени откако Ливерпул и Челси ремиизираа 1-1 на првиот полуфинален натпревар одигран на Енфилд.
„Сините“ со голот на Еден Хазард од пенал поведоа, а израмни Рахим Стерлинг со бравурозен погодок дриблајќи неколку фудбалери на Челси.
Во вториот полуфинален натпревар ќе се сретнат Тотенхем и Шефилд Јунајтед.
Мх.П.