Трите одлуки на охридското јавно претпријатие „Комуналец“ околу цената на услугите, имаат основа во Законот за комунални дејности.
Уставниот суд на вчерашната седница, расправаше за донесените одлуки од претходните години, меѓу кои Одлуката за одржување јавна чистота, цените на услугите на ЈП „Охридски комуналец“, односно за висината на надоместокот за одведување атмосферски води. По разгледувањето на одлуките, судот не поведе постапка, утврдувајќи дека одлуките имаат основа во Законот за комунални дејности.
OhridNews