FIA го ододбри ноивиот систем на квалификации иако Берни Еклстон, супремото на F1, е на мислење дека до ГН на Австралија не може се да е подготвено.
На вчерашниот состанок на возачите со Чарли Вајтинг се заклучило дека поголем дел од нив не се сложуваат со новиот систем. Менаџерите на тимовите бараат измена квалификациите да останат по старо само на третиот дел, Q3 квалификациите, а со Q1 и Q2 се сложуваат но FIA не е тело кое има право да менува предлози туку само да ги дозволи или забрани. А на последниот состанок во Женева системот е одобрен од FIA.
Највеаројатно уште на првата трка ќе гледаме квалификации на следниот начин:
Q1 ќе трае 16 минути, па после седум минути ќе се елиминира најбавниот возач. После тоа на секоја минута и пол ќе испаднува по еден возач до крајот на Q1.
Q2 ќе трае 16 минути, после шест минути испаѓа првиот најбавен возач, па пак после секоја минута и пол се елиминира по еден најбавен возач.
Q3 ќе трае 15 минути, после пет минути испаѓа најбавниот возач, па повторно на секоја минута и пол се елиминира по еден возач се до моментот кога ќе останат последните двајца возачи кои ќе се борат за пол позиција.
OhridNews











