
Интернет корпорацијата за доделување на имињата и броевите апликации за новите домени ќе започне да ги прима од јануари следната година, оттаму очекуваат големите корпорации и градови да бидат меѓу првите апликанти.
Новите домени ќе можат да бидат категоризирани според индустријата, географската положба и државјанството, и ќе ги вклучува арапско, кинеското и други писма. Оваа одлука е донесена по шестгодишни преговори и преставува најголема промена во системот на имињата на доменот, од моментот кога е воведен доменот .com, пред 26 години.
Сега големите корпорации како што се Apple, Toyota, или BMW ќе можат со дополнително покривање на трошоците да имаат интернет страница со нивното име на крајот.
Интернет корпорацијата за доделување на имињата и броевите барањата ќе ги прима од 26 јануари, а цената изнесува 185.000 долари.
извор:Makfaks











