Три предлог проекти од граѓански организации се одобрени за финансирање по јавниот повик во рамките на ReLOaD2 информираат од Општина Охрид.
Општина Охрид ги известува граѓанските организации кои учествуваа на јавниот повик за поднесување предлог проекти во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан2 (ReLOaD2) спроведен во партнерство со Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) дека е донесена конечна одлука, односно предлог проектите кои ги поминаа сите прагови на евалуација се одобрени за финансирање, велат во соопштението.
Одборот на партнери на ReLOaD2, составен од претставници на Делегацијата на ЕУ во Македонија, УНДП, Министерството за локална смоуправа, ЗЕЛС и претставник на Советодавната група на проектот одобрија за финансирање три од пристигнатите предлог проекти.
Во следниот период, дополнително ќе бидат контактирани граѓанските организации чии предлог проекти се одобрени, со цел да биде доделен договор за имплементација на проектот, додаваат во соопштението.
Одлуката на Одборот на партнери на ReLOaD2 е конечна, велат, и по неа не може да се поднесуваат жалби.
OhridNews












