Во понеделник на 5 март со почеток во 19 часот ќе се одигра одложениот натпревар помеѓу Шкупи и АВ Охрид во 17-та рунда од Првата македонска кошаркарска лига.

Дуелот, првично требаше да се одигра денеска (сабота) во 18 часот, но во спортската арена „Шабан Трстена“ пукна цефка и го поплави теренот.

Бодовите од мечот на Шкупи му требаат за опстанок во елитат, додека „галебите“ атакуваат на местата кои водат во плејофот.

OhridNews