Градот Истанбул и стадионот „Кемал Ататурк“ ќе бидат домаќини на финалето во Лигата на Шампиони следната сезона (2019/20), соопшти Европската фудбалска федерација (УЕФА).

 

Финалето на стадионот на кој се одигра едно од епските финалиња во 2005 година помеѓу Ливерпул и Милан кое заврши со триумф на англичаните после изведувањето на пеналите ќе се одржи на 30 мај.

Истанбул како град, генерална проба за финалето во ЛШ ќе има годинава, бидејќи на стадионот од Бешикташ силите ќе ги одмерат победниците од ЛШ и Лигата на Европа, во популарниот Супер куп на Европа.

Сезонава, финалето во ЛШ ќе се одигра во Мадрид, а домаќин ќе биде стадионот „Ванда Метрополитано“ на кој игра Атлетико Мадрид.

OhridNews