В сабота (3 ноември) со почеток од 16:30 часот во салата “Нико Нестор“, во рамките од седмата рунда во првата машка ракометна лига ќе се сретнат Ракометниот клуб Струга и Ракометниот клуб Охрид 2011.

Стружани во супер дербито стартуваат како лидери на прволигашката табела. Наспроти нив избраниците на тренерот Горан Андоновски во последните три натпревари забележаа три победи и се сметија во горниот дел од табелата.

Според најавите “Езерското“ дерби ќе го збогатат навивачките групи на Струга (Паткари) и  верните фанови на Охрид, “Рибарите“.

Мх.П.