Охридските ракометари в петок, на гостински терен кај екипата на Бутел Скопје ќе ги започнат натпреварите во плејофот од Супер лигата.

Мечот во Скопје ќе стартува во 19 часот, а двете екипи имаат победнички императив.

Дуелот на Бутел Скопје и Охрид е прва официјална средба сезонава, затоа што двата состави беа во различни групи во Супер лигата. Неофицијалниот дуел на струшкиот ракометен турнир им припадна на охриѓани, кои славеа со 25-24.

Покрај овој натпревар во првата рунда од плејофот ќе се сретнат Еурофарм Пелистер – Струга, Вардар – Еурофарм Пелистер 2, Пролет – Металург.

 

OhridNews