Повредата на левото колено од фудбалските терени капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо ќе го оддалечи два месеци.
Роналдо се повреди и излезе од игра во првиот дел во финалето од ЕП по дуелот со францускиот репрезентативец Дмитри Пајет.
Поради повредата Португалецот ќе ги пропушти базичните подготовки на Реал Мадрид и првите неколку мечеви од воведот во сезоната.
Враќање на Роналдо на терените се очекува на средината од месец септември, а никој во „кралскиот“ клуб нема да го притиска за што побрзо враќање.
OhridNews