Одредени се термините и распоредот на мечевите на 41 издание на Струшкиот ракометен турнир. Седум екипи се поделени во две групи. Најдобро пласираните ќе играат во финалето кое е закажано за 17 Август.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ

14 август:
18:30 Металург – Струга
19.50 Свечено отворање
20.30 Вардар – Констанца
22.00 Брест Мешков – Версај

15 август:
18.45 Иври – Констанца
20.30 Металург – Брест Мешков
22.00 Струга – Версај

16 август:
18.45 Вардар – Иври
20.30 Металург – Версај
22.00 Струга – Брест Мешков

17 август:
18.00 Натпревар за петтото место
19.30 Натпревар за третото место
21.00 Финале

Металург го освои турнирот лани откако во финалето со 26-23 го совлада Динамо Минск.