Како што информираат од Авто- мото сојузот на Македонија, поради голем одрон на патниот правец Кичево- Извор сообраќајот се одвива во една коловозна лента. Поради почеста појава на одрони кои можат да го попречат движењето на возилата, се препорачува поголема внимателност и на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово.

Сообраќајот на останатите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег во утринските часови се бележат во Крушево, Маврово, Буково, Ѓавато и Пресека и истите не претставуваат проблем за одвивање на сообраќајот.

OhridNews