
Поради појава на магла, намалена видливост од 20 до 100 метри има на патните правци Тетово-Гостивар,Тетово–Скопје, Велес–Скопје, Велес–Штип, Градско–Неготино и Градско–Прилеп.
Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани и по влажни коловози. Врнежи од слаб дожд има во Маврово.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
OhridNews











