Денешните обилни врнежи од дожд предизвикаа големо свлечиште кај црквата Св Константин и Елена на патот до црквата Св. Богородица во Скребатно, кој е целосно блокиран, објави на Фејсбук одборот на црквата Св. Богородица Скребатно.
Се работи на негово расчистување. Сите шо планираат да се движат кон Скребатно да бидат крајно внимателни, доколку продолжат врнежите, не е исклучено да се појави уште некој одрон, се предупредува во објавата.
Според ЦУК, во Охрид, регистрирано е излевање на реката Сушица кај ул. Прилепска, каде се интервенира со багери и се прават насипи. Во селата Орман и Дебелополе реката Далјан е со максимален водостој, но без излевање. Кај с. Вапила, надојдената вода го подјадува патот под мостот кон селото Ливоишта и ќе се интервенира со механизација. Поплавени се поголем број подрумски простории. Кризниот штаб е на терен и ги контролира критичните точки.
Во Струга се пријавени поплавени дворови во четврти реон на Мислешевски пат, како и повеќе куќи во с. Мислешево и дворови во с. Калишта. ТППЕ Струга интервенира со пумпи, а состојбата е пријавена до Општина Струга и ДЗС Струга, информира ЦУК.
OhridNews















