Вчера попладне дојде до одрон на регионалниот пат Охрид – Св. Стефан, над Хидробиолошкиот завод. Помала количина земја и камења покрија дел од коловозот, а благодарение на брзата интервенција на полицијата и надлежните служби за одржување на патиштата, состојбата за кратко време беше санирана.


Одрон на регионалниот пат Охрид – Св. Стефан

OhridNews