Поради одрон, утрово од 06:30 часот сообраќајот на патниот правец Р1301 Охрид – Св. Наум, на делницата меѓу селото Трпејца и Св. Наум, се одвиваше по една коловозна лента, информира Автомото сојузот на Македонија – АМСМ
Од 10:50 часот сообраќајот на патниот правец Р1301 Охрид – Св. Наум, од с. Трпеица – Св. Наум е нормализиран, соопшти АМСМ.

Се апелира до учесниците во сообраќајот да управуваат внимателно со возилата поради опасност од одрони на патиштата кои се чести во ова време од годината.
Г.М.












