На Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ во Охрид, викендов, се одржа 34-от Регионален натпревар по математика за учениците од основно образование во учебната 2015/16 година.

Според првичните резултати, со освоени најмногу поени и прва награда се учениците:Ангелина Бошкоска од ОУ „Григор Прличев“ ментор Елизабета Билбилоска, Борче Исакоски од ОУ „Христо узунов“ ментор Елена Китеска, Стојан Велкоски од ОУ „Братство и единство“ ментор Наташа Балева, Михаил Рувинов од ОУ „Св. Климент Охридски“ ментор Валентина Кузманоска, Горазд Блажески од ОУ „Христо Узунов“ ментор Наташа Ѓоргиеска, Марија Тодороска од ОУ „Григор Прличев“ ментор Сузана Илоска, Емилија Николовска од ОУ „Григор Прличев“ ментор Сузана Илоска, Константин Лушески од ОУ „Братство и единство“ ментор Наташа Балева, Ева Китрозоска од ОУ „Григор Прличев“ ментор Анита Николоска, Виктор Шишкоски од ОУ „Христо Узунов“ ментор Ирена Бачева, Екатерина Бочвароска од ОУ „Живко Чинго“ ментор Славијанка Дојчиноска, Христина Митреска од ОУ „Христо узунов“ ментор Виолета Китеска и Ана Димоска од ОУ „Григор Прличев“ ментор Лилјана Фанкоска.  

На  натпреварот учествуваа 118 ученици од основните училишта од општините Охрид и Дебрца.

OhridNews