Во прекрасниот Емералд Ресепшонс во Томастон-Австралија, со голем број гости, иселениците од Охрид го одржаа 35- тиот јубилеен Охридски бал. И оваа година по традиција, во организација на охридското социјално друштво, со свечениот бал се прослави и големиот православен празник Свети Наум Охридски Чудотворец.

Управниот одбор на друштвото се погрижи свеченоста да биде на високо ниво, а картите беа распродадени долго време пред одржувањето.

За забавата се погрижија  Наум петрески и Зуица Лазова, пратени од изворедните музичари Илија Тотески- Тота и Џеват Рамаданоски  со групата Легато од Мелбурн.

На самиот почеток на балот  преседателот Васко Ангеловски  ги поздрави присутните посакувајќи им уште многу години здрави и весели да се слави празникот на заштитникот на нашиот град.

Меѓу присутните беа ВДЕ Амбасадор на Република Македонија, Грета  Станоевска со сопругот, отец Ефтим Бетински ,Отец Гаврил и Отец Јован Димитров.

Во поздравниот говор госпоѓата Станоевска изрази задоволство што присуствува на балот, затоа што за неа Охрид е најубавиот град во Македонија и пошироко. Беше прочитана честитка од Преседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов и од Метрополит Дебарско – Кичевски и Администратор Австралиско-Сиднејски г. Тимотеј.

Кумови на годинашнава слава беа Петар  и  Даниела Џепароски со фамилијата, а славата ја благословија Отец Ефтим Бетински и Отец Гаврил.

Главни  спонзори се Ray White од Thomastown и фамилијата  Филеви, позната по изработување на охридскиот бисер.

Како што информира преседателот на друштвото  Васко Ангеловски, собраните средства од влезниците за балот и ова година ќе бидат наменети за здраствениот систем и згрижените во  Општата Болница во Охрид,  како и за други хумани проекти.

Охридското  социјално друштво Св. Наум Охридски од Мелбурн  Австралија, повеќе од три децении ги помага социјално загрозените  граѓани во Охрид и одржува силни врски со родниот крај. За нивните хуманитарни активности, здружението  ја доби и Повелбата  на Република Македонија  за македонскте иселенички организаци „Македонија Памети” од преседателот на Македонија, Ѓорге Иванов.

Настанот беше професионално сниман од ДГИ видео и ИНТВ Австралија, а за фотографиите се погрижи Стевче Македонче (Стеве Браилсворд).

Кумови за наредната година се  Митко и Весна Караџуле.

Лидија Ангеловска