Околу стотина ученици, стрелци од основните и средни училишта од државава во Петокот го преполнија стрелиштето Бејбунар во Охрид. Ова е воедно и рекорден број на учесници на Државниот натпревар во стрелаштво што Федерацијата за училишни спортови на Македонија го организира секоја година.


На натпреварите кои се во организација на македонската спортска стрелачка федерација (на која основна дејност и е стелаштвото) во изминативе неколку години оваа бројка не поминува 70-тина учесници и тоа во сите категории и дисциплини.

Стрелачкиот клуб од Охрид на овај натпревар настапи со 16 стрелци, но само 4 од нив се закитија со медаљи: Во средни училишта-машки најдобро пласиран беше Васко Попоски со резултат од 169 кругови, за само еден круг послаб од првопласираниот. Кај девојките од средните училишта, нашата нова стрелачка надеж Мартина Петровска се пласира на третата позиција со резултат од 167 кругови.

Кај основните училишта Петрит Аголи со резултат од 153 кругови ја зазеде втората позиција, со идентичен резултат со првопласираниот, но послаба последа серија. Кај девојките од основните училишта, нашата најмлада стипендистка, Стефани Ефтимовска ја зазеде третата позиција со резултат од 157 или за три помалку од второпласираната.


До крајот на натпреварувачката сезона, за нашите стрелци останува уште еден Куп, што треба да се одржи кон крајот на месецов во Скопје. Голем хендикеп за стрелците е што нашата федерација нема пријавено ниту еден стрелец од Охрид за настап на меѓународниот натпревар Гранд При и Белград Трофи што наредната недела треба да се одржи во Белград. Ова е исклучително јак натпревар на кој учество земаат дури 270 стрелци од 18 држави.

Ohridnews