По петти пат, викендов, училиштето „ Јахја Кемал“ Струга беше домаќин на натпреварот  по математика-физика за осмоодделенци, на кој учествуваа 220 натпреварувачи од општините Охрид, Струга, Вевчани, Дебрца, Дебар, Центар Жупа, Ресен , Кичево и Другово.

Во десетте прворангирани се учениците: Димитар Карамаџоски ОУ „Јосип Броз Тито“- Струга, Бојан Софрониевски од Кичево, третото место го освои Христијан Вичоровски од ОУ „Дебрца“, четврторангирана е Леонора Велкоска од ОУ „Страшо Пинџур“- Вевчани. Меѓу првите десет наградени ученици се и Антонио Марковски ОУ „Григор Прличев“, Билјана Јаковческа ОУ „Христо Узунов“, Елеонора Божиноска од Кичево, Мартин Тајаманоски ОУ „Св. Наум Охридски“- Пештани, Невена Михајлоска ОУ „Григор Прличев“, Љупчо Бојаџиев ОУ „Св. Климент Охридски“ и Дурата Камбери од Ресен.  

 

Учеството на овој натпревар секако е и поттик за работење и на предметните наставници по математика и физика кои во голема мерка се заслужни за учеството и успехот на учесниците на овој натпревар. Училиштето „Јахја Кемал” од Струга може и да се пофали со голем број на ученици кои ги искористиле овие награди и станале дел од заедницата на ученици на ова училиште. Се надеваме и овогодинешните победници ќе станат наши идни ученици , велат од „Јахја Кемал“.

За прво наградениот ученик следува и парична награда од 5000  денари, второнаградениот добива 3000 денари и за освоено трето место 2000  денари.

Учениците од 1 до 25  место , добиваат право директно да се запишат  во ПСУ „Јахја Кемал” без полагање на приемен испит. Првите 10 ученици добиваат право да се запишат во „ Јахја Кемал“ без полагање на  приемен испит, како и стипендија за школување.

OhridNews