Викендов во с.Оровник под покровителство на атлетскиот првак-маратонец во поранешна Југославија, а сега успешен бизнисмен во Перт, Австралија Стојчески Живко се одржа првиот ателетски маратон “Св.Илија-Св.Петка и Св.недела 2011″ во село Оровник.


На овој маратон учество зедоаа 16 атлетичари од АК Охрид и атлетичари од с.Оровник.Патеката во должина од 5500 м со старт од црквата Св.Илија па до манастирот Св.Петка и Св.Недела и назад ја истрчаа сите 16 атлетичари.


Најбрз беше маратонецот Стефаноски Стефан од АК Охрид кој тешката планинска патека ја помина за  20мин. и 30 секунди.


Второто место го освои маратонецот Маркоски Александар од с.Оровник , додека третопласиран заврши Ѓоко Јандиревски од АК Охрид.


Поранешниот првак во маратон во екс Југославија Стојчески Живко го освои солидното 5 место, и со своите 53 години покажа оти и во овие години снагата и здравјето одлично го служат.


На  трите прво пласирани маратонци покровителот Стојчески Живко им даде по еден пехар, парични награди, како и икони од манастирите и маички во спомен на првиот маратон.

Ohridnews