Во просториите на основното училиште „Братство и единство“, денес, се одржа регионален натпревар по географија за основните училишта, на кој учество зедоа 16 ученици од девет училишта од општините Охрид и Дебрца.

Првото место на натпреварот го освои Александар Крстески од ОУ „Григор Прличев“ под менторство на професор Перо Тасески, второнаграден е Дарко Чавкоски од ОУ „Св. Климент Охридски“- ментор Нине Симоновска, третата награда ја освои ученичката Климентина Ѓоршоска од ОУ „Ванчо Николески“- село Лескоец под менторство на професор Татјана Пуцоска и четвртонаградена е ученичката Марија Лазареска од ОУ „Григор Прличев“.

Со освојувањето на првите четири награди, учениците се стекнаа со право да учествуваат на претстојниот државен натпревар по географија. 

OhridNews