Во хотел Далјан вчеравечер се одржа традиционалниот маскенбал во организација на националниот Сојуз на глуви и наглуви лица за избор на најдобра маска и мистер и мис.
Гостите, меѓу кои и претставници од здруженија на глуви и наглуви лица од Холандија и Грција, имаа можност да видат голем број успешни маски.
За мистер и мис беа избрани Никола Јовчески од Скопје и Радмила Периќ од Гевгелија, кои ќе ја претставуваат Македонија на светскиот избор на мистер и мис во Прага.
OhridNews
фото Варе