Во согласност со Годишната програмата за работа на ШК Ласкер Охрид, финансирана од Општина Охрид, во ООУ Братство Единство Охрид,се одржа XI Младинскиот турнир во шах ЛАСКЕР 2026 кадети, за учениците од основните училишта од Општина Охрид.

Учесниците беа поделени во две категории момчиња и девојчиња ( од 6 одд до 9 одд), на турнирор во машка конкуренција учествуваа 40 ученици кои играа 6 кола по Швајцарски систем и турнирот во женска категорија на кој учествуваа 11 ученички кои играа 6 кола по Швајцарски систем.

На XI Младински турнир во шах ЛАСКЕР 2026 кадети,

  • кај девочињата медалите ги освоија:

1 место Јована Котушеска, IX одд, ООУ Григор Прличев,
2 место Ивана Момироска, VII одд, ООУ Св. Климент Охридски Охрид
3 место Ајџан Реџеп, VIII одд ООУ Братство Единство Охрид

 

  • кај момчињата медалите ги освоија:

1 место Марко Танески, IX одд, ООУ Григор Прличев Охрид,
2 место Михаил Шапкароски, IX одд, ООУ Живко Чинго Велгошти
3 место Марко Томоски, VIII одд, ООУ Григор Прличев Охрид,

Дипломите на учесниците како и наградите на најдобрите им ги доделиja Ајфер Ариф Муфти советничка во Општина Охрид и Ајсељ Доко Реџеп – Директорката на ООУ Баратство Единство Охрид.

Турнирот беше организиран од ШК Ласкер Охрид и Сојуз на училишен спорт Охрид, а финансиски подржан од Општина Охрид.

OhridNews