По повод меѓународниот ден на жената, вчера, во галеријата во Куќата на Робевци во организација на женски центар „Бисера“ се одржа традиционалната, 21- ва изложба на жени сликарки од Охрид.
Свеченото отварање на изложбата, на која можат да се видат бројни уметнички дела, беше збогатено со настапот на учениците од средното музичко училиште „Тодор Скалоски-Тетоец“ од Струга.
OhridNews